Четиринаесетгодишниот Марко од Скопје повторно има потреба од помош. Овој млад живот веќе се соочил со сериозни здравствени предизвици – епилепсија, нарколепсија и апнеа во висок ризик, како и операции на главата и на жолчка поради тумор, извршени во Турција.
По направените контролни испитувања и биопсии, семејството информира дека туморот повторно се вратил, поради што Марко повторно треба да замине на лекување во Турција. Поради сложената невролошка состојба, потребни се дополнителни медицински интервенции и третмани.
Неговата мајка преку социјалните мрежи упати јавен апел до сите хумани луѓе да помогнат, доколку се во можност, со донација или споделување на повикот.
За донации се отворени следните броеви:
-
Телеком: 143 109
-
А1 ВИП: 143 482
Донации може да се уплатат и на трансакциска сметка:
Марко Цолевски
Сметка: 210501786673895
НЛБ Банка
Секој придонес може да значи чекор поблиску до потребното лекување.
