Храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Струга беше симболично осветлен во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести.
Со овој гест, испратена е порака на солидарност, разбирање и поддршка кон сите пациенти и нивните семејства кои секојдневно се соочуваат со предизвици, неизвесност и борба за пристап до соодветна терапија и грижа.
Настанот има за цел да ја подигне јавната свест за ретките болести и потребата од поголема информираност, институционална поддршка и заедничка грижа.
„Реткоста инспирира! Остави траг“ – порачуваат организаторите, повикувајќи на емпатија и заедничко делување.


