Реализиран проект „Училиште, пријателства и српско наследство“

Со едукативни работилници, дружење и создавање нови пријателства, успешно беше реализиран проектот „Училиште, пријателства и српско наследство“, наменет за деца со српско потекло од Македонија, Охридскиот регион и Скопска Црна Гора.

Проектот го реализираа Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, во соработка со Заедницата на Србите во Македонија, Здружението „Коштана“ од Охрид и Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид.

Преку повеќе едукативни активности, децата имаа можност да се запознаат, да учат, да разменуваат искуства и да го негуваат своето културно наследство, во атмосфера на дружење и меѓусебна почит.

Организаторите посочуваат дека ваквите иницијативи имаат значајна улога во зачувувањето на културниот идентитет и традицијата, како и во зајакнувањето на пријателските врски меѓу српскиот и македонскиот народ.

Преку активности насочени кон најмладите, проектот има цел да придонесе за пренесување на културните, духовните и семејните вредности на идните генерации и за градење мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани