Дваесет и седумгодишна жена е лишена од слобода во струшкото село Октиси, откако била пријавена дека физички нападнала 46-годишна жителка на селото.
Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил на 28 октомври, во 18:45 часот, кога полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода Л.Р. (27), постапувајќи по претходна пријава за физички напад врз А.Р. (46).
При интервенцијата, жената им кажала на полициските службеници дека користела марихуана, а потоа им ја покажала заедно со метална дробилка. Предметите ѝ биле одземени.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.
