ОВР Струга поднело кривична пријава против 37-годишниот С.О. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според пријавата, на катастарска парцела во струшкото село Радожда, пријавениот неовластено изградил ограда со потпорен ѕид, без соодветна документација издадена од надлежен државен орган.
