Ученици од четврто одделение во посета на градоначалникот на Вевчани

Учениците од четврто одделение денеска ја посетија Општина Вевчани, каде што имаа можност да се запознаат со работата и надлежностите на градоначалникот, но и директно да ги споделат своите идеи и предлози за подобрување на локалната средина.

На средбата со градоначалникот Спасе Кочовски разговарале за потребите, желбите и очекувањата на најмладите жители на Вевчани, како и за тоа што би сакале да се промени и подобри во местото каде што живеат и учат.

Кочовски истакна дека ваквите посети се особено значајни бидејќи го поттикнуваат активното учество на децата во општествениот живот, ја развиваат нивната свест за заедницата и покажуваат дека нивниот глас заслужува да биде слушнат.

Од Општината посочуваат дека преку ваквите средби децата добиваат можност уште од најрана возраст да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и да придонесат со свои идеи за создавање подобра и поубава општина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани