ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на струшкото село Подгорци, поради сомнение за пустошење на шуми и кражба.
На 16 октомври годинава, при заедничка контрола на полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција, на планинскиот појас над селото Подгорци, бил затекнат како бесправно сече немаркирано буково дрво во шумска парцела во државна сопственост, со намера незаконски да го присвои.
Тој бил лишен од слобода, а нелегално пресечената дрвна маса била предадена на Шумската полиција.
