Охрид од 10 до 12 ноември ќе биде домаќин на Националниот форум за младинска работа, кој ќе се одржи во просториите на Младинскиот центар Охрид. Настанот ќе обедини претставници на младински организации, институции, општини, меѓународни партнери и млади активисти од целата држава.
Форумот претставува национална платформа за размена на искуства, идеи и добри практики во областа на младинските политики и младинската работа. Во тридневната програма се предвидени панел-дискусии, работилници, презентации и интерактивни сесии, насочени кон унапредување на младинската работа и зајакнување на меѓусекторската соработка.
Во рамки на Форумот ќе се одржи и свеченото доделување на националната награда „Младински пријателски град“. Ќе бидат наградени осум општини, по една од секој плански регион, за постигнатиот напредок во спроведувањето на обврските и стандардите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.
Со организирањето на Форумот, Охрид ќе биде место на кое ќе се дискутира за предизвиците, можностите и идните насоки за развој на младинските политики и создавање подобри услови за активно учество на младите во општеството.
