ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ф. (52) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според информациите од полицијата, во текот на 2025 година пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост, во селото Подгорци, изградил куќа и земјоделски објект без соодветна дозвола и дополнителна документација издадена од надлежен државен орган.
Против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.
