Научен труд на охридски кардиолози објавен во меѓународно реномирано списание

Научен труд на интервентниот кардиолог д-р Благоја Стефановски од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид е објавен во „European Heart Journal – Case Reports“, меѓународно научно списание во рамките на Европското здружение за кардиологија.

Трудот обработува редок и клинички значаен случај на доцна перфорација на коронарна артерија, проследена со срцева тампонада, која се развила три дена по примарна перкутана коронарна интервенција кај млада пациентка со спонтана дисекција на коронарна артерија и инфаркт на миокардот со СТ-елевација.

Коавтори на научниот труд се д-р Бранка Милачиќ, кардиолог од Одделот за интензивна нега, и д-р Елена Коваческа Башуроска, раководител на истиот оддел во охридската болница.

Од установата посочуваат дека објавувањето во ова меѓународно списание претставува професионално признание за стручноста и научноистражувачката работа на медицинскиот тим.

Во трудот се нагласува важноста на клиничкото искуство, внимателното следење на пациентите по интервентни кардиолошки процедури, како и навременото препознавање на ретки, но потенцијално животозагрозувачки компликации.

Од болницата истакнуваат дека заедничката работа на авторите е потврда за значењето на стручната соработка во унапредувањето на медицинската наука и квалитетот на здравствената грижа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани