Три нови диво создадени мини-депонии на критични точки во охридската населба Даљан повторно биле мапирани од екипите на ЈП „Охридски комуналец“.
Како што информираат од претпријатието, несовесни граѓани на овие локации оставиле непотребна покуќнина и друг несоодветно одложен отпад, со што ја загрозуваат животната средина и го узурпираат јавниот простор.
Во рамки на активностите за расчистување, биле подигнати вкупно 36 кубни метри кабаст и зелен отпад.
Од „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните за поголема еколошка свест и одговорност, посочувајќи дека одржувањето на чист и уреден град зависи од однесувањето на секој поединец.

