Во Вевчани се одржа завршниот настан на шестиот интернационален семинар за архитектура и градежништво, организиран од Rotary Club „Kamen Most – Skopje“.
На настанот беа презентирани концептите и идејните решенија што ги изработиле студентите во текот на работилницата.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, изрази благодарност до организаторите за иницијативата која ги поврзува младите, архитектурата и инженерството со локалната заедница.
„Особено ми е драго што Вевчани беше домаќин на ваков меѓународен настан и што нашата општина има можност да биде дел од една ваква успешна приказна“, објави Кочовски.
Тој посочи дека ваквите настани отвораат простор за нови идеи и визии за развојот на Вевчани.


