Општина Вевчани започна со активности за расчистување на коритото на Вевчанска Река, со цел заштита од поплави и обезбедување непречен проток на водата.
Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека активностите се реализираат врз основа на решение од Управата за животна средина – Сектор за води.
Во првата фаза ќе биде опфатен потегот од Дејков мост до мостот на обиколницата околу Вевчани.
Расчистувањето на преостанатиот дел од речното корито, во правец кон Вевчанските извори, е планирано за пролетниот период следната година.
Активностите имаат за цел да се подобри проточноста на реката и да се намали ризикот од излевање и поплави, особено во периоди на зголемени водостои.
