Поставена нова светлечка табла на влезот во Општата болница во Охрид

Влезот во ЈЗУ Општа болница Охрид доби нов, поуреден и попрепознатлив изглед со поставувањето на светлечка табла со името на здравствената установа.

Од болницата информираат дека со новата табла се подобрува видливоста на ознаката на институцијата, особено во вечерните часови, а уредувањето е дел од напорите за создавање поуредна и попријатна средина за пациентите и посетителите.

„Уредувањето на болничкиот простор е дел од грижата за средината во која секојдневно ги пречекуваме нашите пациенти и посетители. Секое подобрување придонесува за поуредена и попријатна болничка околина“, посочуваат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани