Каллива и заматена вода во Струга – институциите ги утврдуваат причините
Четири дена во Струга на сила забрана за користење на водата од водоводната мрежа, откако анализите покажаа дека е здравствено небезбедна.
Од Центар за јавно здравје информираа дека водата има 22% заматување и не смее да се користи за пиење, ниту за подготовка на храна.
Директорот на ЈП Водовод поднесе морална оставка и побара од надлежните институции да се утврдат причините за загадувањето.
-0153„ Се работи за голема катастрофа, еколошка катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи, деца, градинки. Јас сум во фирмата 43 години не се памети вакво заматување на водата. Во истиот момент јс давам оставка“ , вели Меџајит Јусуфоски директор на ЈП Водовод Струга.
Граѓаните велат принудени се да купуваат вода, што претставува дополнителен финансиски товар за домаќинствата.
„Има некаква загаденост на водата
Не е запиење многу е валкана
Купечка вода и вода од изворите од Дрслајца
Не е добро да нема вода треба да има чиста вода во Струга
Ние полниме изворска од извори под Мороишта и Дрслајца
Купувам флаширана вода “
На терен кај ШУМ – главниот извор за водоснабдување на градот– излегоа екипи на полицијата, и инспекциските служби од Агенција за храна и ветеринарство со цел да се утврдат точните причини за загадувањето.
-До овој момент, во ОВР Струга не е добиена официјална пријава од надлежно јавно претпријатие во Струга за водоснабдување за загаденост на изворите за вода лоцирани во струшкото село Шум. ОВР Струга, во содејство со повеќе надлежни институции презема интензивни мерки со цел откривање на причините за загаденоста на водата и откривање на сторители на кривични дела. По завршување на сите мерки и активности, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство ќе достави соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Новинар Соња Рилковска
