На 11.02.2026 година во 12:30 часот, на магистралниот пат Струга–Подмољје, во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода К.В. (42) од Охрид.
При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Фиат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувала, при што било констатирано дека таа има активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По целосно документирање на случајот, од ОВР Струга информираат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
