Струга повеќе од десет дена се соочува со проблем со загадена вода. Изворот Шум е исклучен, вводоснабдување на градот од денес се врши од изворите во Долна Белица и Загоричани но водата и натаму е со поголема матност од дозволената Од ЦЈЗ велат останува на сила забраната за користење.
Стружани негодуваат велат плаќаат сметки а вода купуваат.
Неофицијално, загадувањето се поврзува со копање каменоломи во близина на изворите, кои подолг период работеле без соодветни дозволи. Градоначалникот одговорноста ја лоцира кај претходната власт.
– „Овој случај не е прв. И во минатото имало вакви ситуации. Ова не се случи туку така. Оваа ситуација е резултат на несовесно управување со ЈП ‘Водовод и канализација’, со кое Струга со години наназад има проблеми – или со недоволно чиста вода или со недостиг на вода.“, вели градоначалникот Менди Ќура.
Основно јавно обвинителство Струга отвори предмет за утврдување евентуална кривична одговорност. За утре е закажана и вонредна седница на Советот на Општина Струга, на која ќе се разгледува состојбата со водоснабдувањето.
Новинар Соња Рилковска
