Показна вежба за евакуација по земјотрес во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид

Утре (19.02.2026 година) со почеток во 10 часот, во ООУ „Кочо Рацин“ Охрид ќе се одржи показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност.

Вежбата ќе се реализира по однапред утврдено и разработено сценарио изготвено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвен крст Охрид. Со сценариото се запознаени учениците и наставниците, како и институциите што ќе учествуваат во симулацијата – Регионалниот центар за управување со кризи, Општинскиот инспекторат за образование, Територијалната противпожарна единица Охрид, Итната медицинска помош и други надлежни служби.

Целта на вежбата е превентивна – подигнување на степенот на безбедност и подготвеност кај учениците и наставниот кадар за поефикасно постапување при земјотреси и други елементарни непогоди.

Показната вежба се спроведува согласно плановите за заштита и евакуација при несреќи и за работа во вонредни услови.

За време на одржувањето на симулацијата, полициски службеници од СВР Охрид привремено ќе ја затворат за сообраќај улицата „Новопроектирана“, која поминува низ охридската касарна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани