На 18.02.2026 година во 04:55 часот во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид.
Според информациите од полицијата, дошло до физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.Н., двајцата од Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
