На улицата „Егејска“ во Охрид, вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 22-годишниот А.Ј. од Охрид, по претходна пријава за семејно насилство.
Според информациите од полицијата, тој во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка и други членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
