Јавен повик за доделување стипендии за учебната 2025/2026 година

Општина Охрид објави јавен повик за доделување ученички, студентски, како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии за учебната 2025/2026 година. Повикот се однесува на лица со ретки болести и посебни потреби кои живеат на територијата на општина Охрид.

Право на стипендија имаат ученици во основно и средно образование, како и студенти, магистранти и докторанти кои се редовно запишани на државни или приватни училишта и универзитети во Република Македонија.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– да се жители на општина Охрид;
– да се редовни ученици или студенти, односно запишани на магистерски или докторски студии;
– да се лица со ретки болести или посебни потреби, категоризирани со соодветен наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој;
– да немаат повторувано година во текот на образованието.

За аплицирање потребно е да се достават следните документи:
– пријава;
– наод и мислење за видот и степенот на попреченост и специфичните потреби, издадено од надлежна институција;
– копија од извод на родени;
– копија од трансакциска сметка на ученикот, студентот, магистрантот или докторантот, или на еден од родителите;
– потврда за редовно запишана учебна година.

Дополнителни информации за рокот и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани