Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, на 04.02.2026 година презеле оперативно-тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела „Измама“ поврзани со лажни сообраќајни незгоди.
При акцијата лишено од слобода е 38-годишно лице од Охрид.
По извршен службен разговор, осомничениот појаснил за начинот, местото и времето на извршување на вкупно девет кривични дела – шест на подрачјето на Штип и три во Виница. Според пријавите, оштетените граѓани биле измамени за вкупно околу 3.600.000 денари.
До Основното јавно обвинителство Штип е поднесена кривична пријава по итна постапка. По предлог на ОЈО Штип, лицето е спроведено пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
