СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р. (40) од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според информациите, пријавената на катастарска парцела во државна сопственост, во атарот на селото Велгошти, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа.
Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
