Марихуана, куршуми и прашкаста материја пронајдени во Струга

На 16.02.2026 година во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Р. (28) од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми од различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истиот ден, во 17:10 часот на ул. „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода и М.К. (49) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани