Нестабилното и врнежливо време ќе продолжи и во текот на претстојниот викенд. Според најавите, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, без значително зголемување на температурите.
Иако утре, в среда (18-ти) и четврток се очекува намалување на врнежите и делумна стабилизација, со повеќе суви периоди, временските услови повторно ќе останат променливи.
За време на викендот повторно се најавува нестабилно и врнежливо време, со облачност и повремени дождови, што значи дека целосна стабилизација сè уште нема да има.
Поизразено и трајно подобрување на времето метеоролозите најавуваат дури од средината на следната недела, кога се очекуваат повеќе сончеви периоди, повисоки температури и посуво време.
