„Охридски комуналец“: Во петок подигнување селектиран отпад од пластика и хартија

Ј.П. Охридски комуналец ги информира граѓаните дека на 06.02.2026 година (петок) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, согласно Календарот за 2026 година.

Подигнувањето ќе се реализира на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“, при што ќе се собира пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.

Од „Охридски комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат Календарот за селекција на отпад, посочувајќи дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и инвестиција во иднината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани