Општина Охрид ги објави добитниците на финансиска поддршка за проекти кои се дел од Програмата за култура за 2026 година, наменета за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата.
126 лица или Здруженија на граѓани добија поддршка за проекти кои ќе го збогатат културниот живот.
Со донесеното решение се врши распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид, потпрограма К4, и тоа на здруженија на граѓани, институции и поединци, чии проекти ќе бидат составен дел од културната програма за годинава.
Воедно, Одделението за култура е задолжено да подготви договори со сите корисници на финансиската поддршка, по што ќе следи реализација на одобрените проекти. Решението влегува во сила со денот на неговото донесување.
