ЕКОТУРИЗАМ 2016 заедно со иницијативата Збогум Буково организираат панел-дискусија на тема „Диви депонии во општина Охрид – состојба и предлог решенија“.
Настанот ќе се одржи на 13 февруари 2026 година (петок) со симболичен почеток во 11:55 часот (пет до дванаесет).
Панелот ќе се фокусира на прашања поврзани со:
-
системски решенија за справување со дивите депонии
-
моменталните предизвици
-
конкретни обврски и рокови
-
улогата на заедницата и граѓанскиот сектор
Говорници на настанот ќе бидат:
-
Дарко Блинков, Генерален инспектор за животна средина при Државен инспекторат за животна средина
-
Емил Ангелов, експерт за управување со отпад од SALAR International
-
Џоко Савески, координатор за диви депонии во Ј.П. Охридски Комуналец
Организаторите упатуваат покана до јавноста да ја проследи панел-дискусијата, со цел отворање конструктивна дебата и дефинирање конкретни чекори за справување со овој долгогодишен проблем.
Настанот се реализира во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, финансиран од Швајцарската амбасада преку програмата Цивика Мобилитас.
