Пијан пациент приведен во болница –алкохол агресивен кон персоналот

На 18.02.2026 година во 20:10 часот, во Општа болница Струга, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Н.С. (46) од село Ново Село, општина Боговиње, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според информациите, тој се однесувал агресивно кон персоналот во болницата. При преземените мерки било утврдено дека Н.С. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани