Тројца охриѓани приведени по тепачка на „Карпош Војвода“

На 18.02.2026 година во 21:00 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле И.Д. (50), Ј.Н. (35) и Ф.Д. (43), сите од Охрид.

Полициската интервенција следела по претходна пријава дека лицата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што Ф.Д. физички го нападнал Б.Д. (21) од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани