Сопственик на продавница ги спречил инспекторите за храна да вршат надзор.
-На 26.11.2025 година во 10:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во селото Белчишта, општина Дебрца, Г.С.(51) од истото село, спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект, по што од инспекторите од агенцијата е побарана полициска асистенција. По преземени мерки и извршени службени разговори со сопственикот, истиот им овозможил на инспекторите од агенцијата, да ја извршат контролата, информираат од СВР Охрид.
