Награда за Охридскиот бисер за промоција и развој на туризмот

Вечерва во Нови Сад, пред почетокот на 56. Меѓународен саем за туризам, Македонија е „Земја-партнер”. Од страна на Р. Србија беше испратена силна порака за пријателство и партнерство, признание што ја отвора патеката за уште позабрзана туристичка соработка во регионот.
-Во Конгресниот центар „Мастер”, прекрасната атмосфера меѓу претставниците на целиот Балкан создаде идеални услови за размена на нови идеи, планови, проекти, соработки со цел да се зголеми капацитетот во сите сегменти на туризмот за подобар развој и бенефит.Особена благодарност упатувам до почитуваните: генералниот директор, м-р Слободан Цветковиќ и неговите соработници, министерот за култура и туризам на Р. Македонија, г-дин Зоран Љутков со соработниците и сите учесници за прекрасната организација на саемот. Беа доделени награди на сите кои со огромен труд придонесуваат за промоција и развој на туризмот во регионот, меѓу нив и еден од најстарите брендови на Македонија – Охридскиот бисер изработен од семејствата Филеви -1928 и Талеви -1924, кои директно придонесуваат за развојот на туризмот во Македонија и претставуваат посебен дел од културата и историјата на целиот регион и светското културно наследство, информира Михајло Филев Почесен конзул на Р Србија со седиште во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани