Во катедралната Света Софија во Охрид хиротонисан и устоличен новиот Владика на Дебарско-кичевската епархија. На свечената церемонија Архиепископот македонски г. г. Стефан пред царските двери во велелепниот храм го предаде Архиерејскиот жезол на Митрополитот Георгиј.
Денес се радува земјата и небесата затоа што што древниот Охрид доби достоен Владика, рече г.г. Стефан.
– Денес добивме архиереј достоен на своуте претци, пастир кој како што некогаш Елисеј го беше зел кожувот на Илија за да ја продолжи неговата служба и тој ќе ги земе на себе добродетелите од своите упокоени предци и ќе го продолжи нивното Свето дело. Денес добивме првосвештеник кој што го има Аврамовото послушание, кој е мислостив како Јосиф, храбар како Естира, доблесен како Ное, честит како Даниил, верен како Рут. Добивме митрополит кој му пее на Бога како Давид кој се бори за вистината на верата како Илија, рече г.г. Стефан Архиепискип Македонски.
Новиот духовен водач на Дебарско кичевската епархија, кој денес стана 13 от Митрополит на МПЦ ОА во својата беседа изразувајки благодарност до Синодот рече „Не доаѓам со големи планови, но со искрена љубов“.

-Од Господа не барам да бидам успешен туку верен, нему и на црквата, а даруваниот крст смирено да го примам и цврсто да го носам. Молете се за мене за да не заборавам дека сум последен во редот но прв во одговорноста и барем малку да бидам пастир како што овој македонски крај и овој град заслужуваат. Зашто Охрид не е само споменик туку и светилник, рече Митрополитот Георгиј.
Новиот Владика на Дебарско кичевската епархија доаѓа на местото на митрополитот Тимотеј кој се упокои во ноември лани.
Новинар Соња Рилковска
