Повредена жена во судир меѓу автомобил и велосипед.
На 12.07.2025 во 06.40 часот, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“,.„Железничка“, .„7 ноември“ и .„Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.Ф.(53) од с.Лескоец, охридско и велосипед управуван од В.Л.(56) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Л., констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот Димоски.
