Пуштен во употреба дел  од автопатот Кичево – Охрид

Пуштен во употреба дел  од автопатот Кичево – Охрид.

Ова не е само пуштање во употреба на автопатска делница, туку ова е момент на враќање на вербата, доказ дека кога ќе ја преземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат.

На овој потег, на делницата Пресека-Песочани, денес се вози по нов автопат. Само една година откако ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија. Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време.

Ги градиме темели на промените, не само со бетон и асфалт, туку со работа, со чесност, со почит кон секој граѓанин што плаќа даноци и со право очекува да добие инфраструктура, услуги, развој.

Оваа влада е тука да работи. Да решава проблеми. И да, најдоброто допрва доаѓа, рече премиерот Мицковски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани