Денес ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општина Струга, посветена на актуелната криза со водоснабдувањето во градот.
Седницата е свикана по двенеделната забрана за користење на водата од градскиот водовод, институционалните проверки и загриженоста кај граѓаните околу квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Советниците ќе дискутираат за состојбата со изворите, преземените мерки од надлежните институции, како и за можните решенија за надминување на кризата.
Очекувањата се на седницата да бидат презентирани информации од ЈП „Водовод и Канализација“, надлежните инспекциски служби и здравствените институции, како и да се разгледаат конкретни заклучоци и задолженија за понатамошно постапување.
Кризата со водоснабдувањето изминативе денови предизвика сериозна загриженост кај жителите на Струга, особено по информациите за енормно загадување на водата од изворите во село Шум.
