Хартијата и картонот можат да се рециклираат и до седум пати, што ги прави едни од најважните материјали кога станува збор за селекција и повторна употреба на отпадот.
Правилната селекција во домаќинствата и во бизнис-секторот овозможува хартијата и картонот повторно да се преработат и од нив да се создадат нови производи. За процесот да биде успешен, хартијата треба да биде чиста, сува и уредно спакувана пред да се одложи во соодветните садови за селекција.
Зошто е важно рециклирањето?
Рециклирањето на хартија и картон:
-
го намалува загадувањето и оптоварувањето на ѓубриштата и депониите
-
придонесува за штедење на енергија
-
ги зачувува природните ресурси
-
го намалува загадувањето на животната средина
-
ја намалува потребата од сечење на дрвја
Со правилна селекција, секој поединец може директно да придонесе за почиста животна средина и поодржлива иднина.
Отпадот е прашање кое нѐ засега сите.
Селектирај правилно!
