Мобилни царински тимови и царински службеници од Царинска управа при контрола на малопродажен објект во Струга запленија голема количина тутунски производи без акцизни марки, со вкупна вредност од над 1,8 милиони денари.
При акцијата биле пронајдени 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, за кои не била платена акциза.
Со заплената е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока, при што е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.
Од Царинската управа најавуваат дека засилените контроли продолжуваат, со цел сузбивање на нелегалната трговија, заштита на државниот буџет и здравјето на граѓаните.
