Фантастични 935 000 денари се украдени од наплатниот пункт на ЕВН во Струга.
Крадци-вешти и брзи, го „олеснале“ струшкиот наплатен пункт на ЕВН за фантастични 935 000 денари. Тие го одзеле сефот полн со пари и брзо заминале.Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид,во периодот од 23.30 часот на 17.03.2018 до 06.00 часот на 18.03.32018 година, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга.
Портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, информира дека сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, нагласи портпаролот Димоски.
