Фантастична сума од 600.000 денари одзел маскиран рабојник од казино во Струга.
Според полициското соопштение, кражбата се случила на 21.01.2018 година во 05,40 часот. Тогаш било пријавено дека во казино лоцирано во центарот на Струга, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработените одзело околу 600.000 денари, по што го напуштило местотото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
