Владата да ја „притисне“ изградбата на регионални депонии

Додека да профункционираат регионалните депонии, на општините ќе им се случи еколошка катастрофа. Постоечкиот Закон за управување со отпад не предвидува проширување и модернизирање на постоечките депонии со што се отвора можност за големи еколошки проблеми.

 

Новиот Закон за управување со отпад треба да биде донесен до крајот на годинава и со него се очекува да се олесни постапката за модернизирањето на регионалните депонии. Од Здружението на комунални дејности потврдуваат дека ваквите модели на депонии досега не профункционираа во ниту еден регион, што дополнително создаде други проблеми.

Од Стопанската комора на Македонија побараа Владата итно да се фокусира на овој проблем.

„Општините кубурат со средства и затоа не вложуваат во тие регионални депонии. Моето мислење е дека Владата треба да притисне, за општините поактивно да се вклучат во реализација на тие проекти“, рече Звонко Јовановски – претседател на Здружение за комунални дејности.

Јавните-приватни партнерства за управување со депониите, според Стопанската комора, се одлична можност општините да ги решат децениските проблеми.

Во земјава досега имаше неколку обиди за отворање на регионални депонии, но досегашните модели не вродија со плод. Во меѓувреме граѓаните во Струга се уште се гушат во смет. Изградбата на регионалната депонија во Годивје тапка во место. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани