Седница на Советот на општина Струга

Денеска, Советот на општина Струга ќе одржи седница-петта по ред.

Советот на општина Струга, денеска ќе ја одржи петтата по ред седница.Седницата што ја закажа претседателот на Советот, Ресул Каба,ќе се одржи во големата општинска сала а на дневен ред се вкупно 17 точки меѓу кои:Предлог програма за уредување на градежно неуредно земјиште за 2018 година, предлог програма за локални патишта,за урбанистички планови, за заштита на животната средина за 2018 година. Посебно внимание предизвикува предлог одлуката за започнување на постапка за изработка на стратегија за развој на општина Струга за периодот 2018-2023 како и точката за развојни програми за општината за 2018 година. Меѓу точките на дневен рек се и предлог решенијата за именување на претставници во управните одбори во ЦСТ Струга, во здравствените домови во Струга и Вевчани и во ООУ „Јосип Броз Тито“. Струшките советници ќе дискутираат и по предлог програмите за работи на општинските јавни претпријатија.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани