Стружанец без дозвола приредувал игри на среќа во Делогожда.
30 годишниот стружанец А.А.во објект во селото Делогожда приредувал игри на среќа без дозвола. Полицијата и УЈП му направиле контрола и го „усреќиле“ со кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А.(30) од Струга.
-Пријавениот, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за игри на среќа, во објект во селото Делогожда протиправно организирал игри на среќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Портпаролот вели дека на 27 декември минатата година,по изготвен план од страна на криминалистичката полиција и инспектори од УЈП, извршени се контроли по објекти во кои се приредуваат игри на среќа и во посочениот објект во селото, затекнат е пријавениот како приредува игри на среќа без да поседува потребни документи и лиценца.
