Голема измама од 60 000 евра во Струга

Со фантастични 60000 евра бил измамен вработен во менувачница во Струга.

Неверојатно е со какви се начини се служат измамниците и со каква дрскост ги вршат измамите. Во Струга во ноември минатата година се случила голема измама во која грузиец за 60 000 евра измамил стружанец вработен во менувачница. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија. -Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000,оо евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил во плик фалсификувани евра (во износ од по 500 евра) а потоа си заминал. Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време, тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат, соопшти портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани