Во периодот од 15 – 18.02.2018 година, на Попова шапка, беше спроведен експертски мониторинг на зимската обука која ја спроведува МАИВП, од страна на техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML (International Mountain Leader).
Мониторинготт го спроведе тричлена експртска група од Меѓународната Унија за Водичи во Планина – UIMLA (Union of International Mountain Leader Associations) во состав:
1. Bill Beiley – Претседател на техничката комисија при УИМЛА
2. Francois Burthey
3. Caroline Hale
Тие денес ќе бидат во посета на Охрид.
Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП, ќе одржи прес конференција во Винаријата на Вила Мал Св. Климент во Охрид, на 19.02.2018 година (Понеделник), со почеток во 11.30 часот
Темата на прес конференцијата ќе биде: Професијата Водич во Планина според меѓународниот стандард IML (Inernational Mountain Leader) и значењето на истиот за безбедноста и квалитетот на туристичкиот производ.
