Скопјанка бесправно си градела дом во струшки Езерски лозја

Скопјанка си бендисала место во струшката населбата Езерски лозја и бесправно си градела куќа.Таа заработила кривична пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М. (36) од Скопје и против правното лице ДООЕЛ „Блуинвест“ со седиште во Струга на ул. „Маршал Тито “ во Струга.
-Пријавената, во текот на минатата година, во својство на управител на правниот субјект и инвеститор, на локација во струшката населба „Езерски Лозја“ започнала со изградба на објект за домување. Тоа го направила иако претходно немала обезбедено одобрение за градење од надлежен орган и спротивно на законот за градба, соопшти м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Од извршен инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при општина Струга, констатирано е дека објектот се гради без одобрение и неовластено, по што составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани