81 годишниот Љ.Ј.е жртвата во пожарот што се случи неодамна во неговата куќа во селото Песочан.
Полицијата го утврди идентитетот на човекот што изгоре во својата куќа и беше пронајден починат.Според полициското соопштение, во врска со настанот „пожар со последица смрт“, даден во вчерашниот извадок од дневни настани за пожар во куќа во с. Песочан, општина Дебарца, утврден е идентитетот на лицето кое како последица од пожарот беше пронајдено починато. Се работи за Љ.Ј. (81) . По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
