Мукоски и Василески останаа во притвор

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор.

Пред судскиот совет Мукоски изјави дека во изминатите 80 денови минува низ страшна агонија, а целата ситуација предизвикува траума за неговите четири малолетни деца.

Скопскиот апелационен суд трет ден по ред разгледува жалби на осомничените за собраниските настани од 27 април.

За дел од нив, судот ги потврди одлуките на кривичен, а дел затворскиот притвор го заменија со куќен.. Така во домашен притвор заминаа пратеникот Љубен Арнаудов како и организаторите на протестите За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски. Во куќен притвор замина и актерот Владо Јовановски.

Во притвор останаа пратеникот Сашо Василевски и екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Инаку во следните денови и Кривичен ќе се произнесе за секој осомничен одделно какви мерки ќе им одреди во четвриот месец од истрагата.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани