55 годишен жител на албанскиот град Поградец, без лични документи е приведен во Охрид.
Привадувањето на илегалецот од Поградец се случило вчера на автобуската станица во Охрид.Според полициското соопштение, вчера во 10.20 часот на меѓуградската автобуска станица во Охрид, поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи за идентификација, полициски службеници го привеле лицето Ј.Б. (55) од Поградец, Република Албанија. Личните податоци биле добиени по негов исказ.
