Охриѓанец со кражби „печалел“ во Дебарца

Малолетник од Охрид, решил со кражби да „заработи“ пари.

17 годишниот Ф.П. оперирал низ селата во Дебарца, од кражбите „спечалил“ околу 20.000 денари и на крај завршил со полициска кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.(17) од Охрид.
-Тој, казнените дела ги извршил во периодот октомври -декември минатата година во селата Злести и Песочан, општина Дебарца користејќи подесена алат и прибор но и физичка сила.Пријавениот, во селото Злести извршил две тешки кражби одземајќи два акумулатори, едниот поставен на земјоделска машина-трактор а вториот оставен во помошна просторија каде успеал да влезе со насилно кршење на катинарот од влезната врата, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Димоски вели дека пред крај на минатата година, пријавениот со алат и со физичка сила насилно отворил и отстранил еден прозорец од контињер-магацин поставен на магистралниот пат Охрид – Кичево, сопственост на АД фабрика „Карпош – Скопје“ од каде одзел 150 литри нафта, брусен камен и еден акумулатор. Со извршувањето на трите казнени дела „тешка кражба“, пријавениот Ф.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000,оо денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани